|
Почитувани,
Во рамки на проектот „Македонија – земја на информатичари“ Владата на РМ во соработка со високо образовните установи во Република Македонија и приватниот ИТ сектор спроведува активност со која се доделуваат ваучери во номинална вредност од 15 500 денари на редовни студенти, државјани на РМ за прв пат запишани во завршна година на студии во учебната 2008/2009 година на било кој акредитиран факултет во РМ, како и на сите студенти кои се евидентирани како лица со посебни потреби.
|